За нас

Дел од Мак Аутостар: малку користени премиум возила, проверени и подготвени пред испорака.

Premium Used е составен дел од „Мак Аутостар“ и се занимава со продажба на малку користени премиум возила од програмата на Mercedes-Benz, Audi и BMW. Специфичноста на услугите се состои во понудата на користени возила, кои се исклучиво со помал број изминати километри и во добра состојба. За таа цел, доколку настане дефект на возилото во рок од 6 месеци од денот на купувањето или до изминување на 10.000 км, во зависност од тоа што ќе настапи прво, салонот Premium Used врши бесплатна поправка.

Целта на нашата компанија е фокусирање кон можноста, клиентот да пронајде сè на едно место – целосно решение за мобилноста.

Мак Аутостар е компанија основана во 1994-та година и е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија, односно на Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog и Fuso, овластен сервисер за Mitsubishi Motors, како и генерален дистрибутер на Ducati, и на познатиот бренд за масло Mobil.

Зошто Premium Used

Premium Used е дел од Мак Аутостар, генерален дистрибутер на Mercedes-Benz во Македонија од 1994 година. Секое возило во салонот поминува низ истата подготовка пред да го добиете.

  • Малку користени возила

    Возила со мал број изминати километри, во проверена состојба.

  • Бесплатно сервисирање пред испорака

    Комплетна проверка и сервис на возилото пред да ви го предадеме.

  • Бесплатно полирање и хемиско чистење

    Надворешно полирање и хемиско чистење на внатрешноста.

  • Бесплатна регистрација

    Првата регистрација на возилото е наш подарок.

  • 6 месеци бесплатно отстранување на дефекти

    Евентуален дефект во првите 6 месеци по купувањето го поправаме бесплатно.

Дојдете во салонот

Салонот Premium Used се наоѓа во Премиум бизнис центарот. Јавете се или испратете прашање за возилото што ве интересира.

Адреса
Премиум Бизнис Центар
Бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје
Телефон
+389 2 52 55 555
Работно време
Пон–Пет, 09:00–17:00
Саб, 09:00–14:00
Недела: затворено