За нас

Premium Used е составен дел од „Мак Аутостар“ и се занимава со продажба и одржување на користени возила од брендот Mercedes-Benz. Специфичноста на услугите се состои во понудата на користени возила, кои се исклучиво со помал број изминати километри и во добра состојба. За таа цел, доколку се случи евентуален дефект на возилото во периодот од денот на купување до наредните 6 месеци, салонот Premium Used врши бесплатна поправка.

Целта на нашата компанија е фокусирање кон можноста, клиентот да пронајде сè на едно место – целосно решение за мобилноста.

Мак Аутостар е компанија основана во 1994-та година и е генерален застапник за „Daimler“ во Р. Македонија, односно генерален застапник за „Mercedes-Benz“ патнички и стопански возила, автобуси и „Unimog“, потоа овластен дистрибутер за „Mitsubishi Fuso“, „Setra“, овластен сервисер за „Mitsubishi Motors“, „Mobil“, како и компанија застапник на најголемите производители на резервни делови за патнички и стопански возила од различни светски брендови.